Електромобилност
Горди сме што во изминатиот период поставивме над 100 станици за полнење во 19 градови низ земјата, од кои 21 на територијата на Скопје. Полначите се достапни на јавни површини, хотели, трговски центри и автопати, со што се зајакнува инфраструктурата за електромобилност на територијата на земјата.
Нашиот фокус е на брзите полначи кои се со DC конектори со моќност од 150 kW и се меѓу најефикасните во својата класа, овозможувајќи брзо и лесно полнење во времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото. Во изминатите месеци поставивме брзи полначи во Охрид, како и на бензинските Макпетрол во Неготино, Куманово и на магистралниот пат Прилеп – Битола. Брзите полначи се главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Во таа насока, благодарение на соработката со Макпетрол, планираме инсталирање на 10 брзи полначи на бензинските станици долж главните патишта ширум земјата.
Дополнително, во партнерство со ТАВ Македонија, поставивме четири станици за полнење на аеродромите во Скопје и Охрид, на располагање на патниците, корисниците, гостите и персоналот.
И тука не застануваме!
Продолжуваме со проширување на мрежата на полначи и модернизација на постоечките станици, со цел да овозможиме уште поголема поддршка за електромобилноста во земјата.
За ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
ЕВН Македонија Електроснабдување е компанија која на корисниците им нуди сигурни и висококвалитетни услуги преку својот мотивиран тим и експертско знаење во областа на снабдување со електрична енергија. Со оптимизација на процеси и употреба на напредна технологија, ЕВН Македонија Електроснабдување овозможува флексибилност за исполнување на барањата на корисниците, за зголемување на сигурноста во бизнисот, како и за постигнување на долгорочната одржливост на компанијата.