Аплицирај за работа
Оваа платформа е твојата можност за кариера во ЕВН Електроснабдување. Тука ќе најдеш вистински можности за професионален развој, поддршка и напредок во динамична и иновативна средина. Избери ја својата иднина и започни ја кариерата таму каде што се создаваат нови енергетски решенија!
Работна средина и култура во ЕВН Електроснабдување
Во ЕВН Електроснабдување негуваме култура на соработка, иновација и одговорност. Нашата работна средина е динамична, поддржувачка и насочена кон личен и професионален раст. Веруваме во тимска работа, отворена комуникација и почитување на различностите.
Тестимонијали од задоволни клиенти
За ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
ЕВН Македонија Електроснабдување е компанија која на корисниците им нуди сигурни и висококвалитетни услуги преку својот мотивиран тим и експертско знаење во областа на снабдување со електрична енергија. Со оптимизација на процеси и употреба на напредна технологија, ЕВН Македонија Електроснабдување овозможува флексибилност за исполнување на барањата на корисниците, за зголемување на сигурноста во бизнисот, како и за постигнување на долгорочната одржливост на компанијата.